Квадрадо го носи Јуве кон ЛШ, во Наполи се разочарани што Интер не им помогна (Видео)

Јувентус го победи Интер со 3-2 во супердраматичното големо дерби на Серија А. Двата тима средбата ја завршија со по еден играч помалку, за двата тима беа досудени пенали, па Јуве останува сериозен кандидат за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите.

За Интер ова е само трети пораз сезонава. Нераѕурите очекуваа Старата дама да им направи „тунел“ и да ги поздрави за титулата, но тоа не се случи. Наполи беше тимот кој најмногу навиваше за Интер, но наполитанците ќе мора сами да си ја завршат работата ако сакаат да бидат учесници во ЛШ.

Интересен потег во 70-та минута повлече тренерот Пирло, кога го извади од игра Кристијано Роналдо. Португалецот не сака да го менуваат, а денеска тој и даде гол. Јунак на Јувентус е Хуан Квадрадо. Колумбиецот даде гол за водство од 2-1, а пред истекот на регуларните 90 минути изнуди пенал кој сам го реализираше.

Ова е голот на Квадрадо за 2-1:

https://twitter.com/i/status/1393610267968290823

- Оглас -

Најнови вести