Квалификациите во Монако се ептен важни, а Хамилтон не е фаворит за победа

Трката за големата награда на Монако која се вози во малото кнежевство низ улиците на блескавиот Монте Карло, е една од ретките, ако не и единствена во Формула 1 на која издржливоста на моторот не игра клучна улога, па Луис Хамилтон со неговиот моќен Мерцедес не е топ фаворит за победа на денешните квалификации, кои се многу важни, бидејќи тешко е да се претекне на оваа патека и тој што ќе поведе, има големи шанси за триумф.

Хамилтон славеше на последната трка одржана во Монако во 2019 година кога успеа да се одбрани од налетите на Холанѓанецот Макс Ферстапен од Ред Бул. Годинава, Ферстапен истотака е во прв ред на фаворити за победа, според квотите, тој има поголеми изгледи за пол-позиција од Хамилтон, но може во борбата да се вмеша и Шарл Леклер од Ферари.

Момчето од Монако на свој терен прикажа одлични перформанси на неофицијалните тренинзи во четвртокот, и тој е фаворит од сенка како потенцијално изненадување. Патеката е незгодна, бара максимална концентрација цело време, а претпладнево имаше и дожд, патеката беше влажна, и тоа дополнително ја усложнува работата.

- Оглас -

Најнови вести