Кварацхелија сака дијаманти, познато со кои двајца соиграчи од Наполи е најблизок!

Грузиски новинар, кој е близок со ѕвездата на Наполи, Хвича Кварацхелија, даде интервју за едно неаполско радио, во кое откри дека Елиф Елмас му е еден од двајцата најблиски пријатели на Квара со коишто најмногу се дружи.

„Кој му е најдобар пријател на Хвича? Осимен и Елмас, со нив има најдобар однос“, рече новинарот Каха Ѕебуадзе.

Кварацхелија со Осимен се најопасниот тандем сезонава во Серија А и најзаслужни што тимот оди кон титула, додека со Елмас се знае уште пред да дојде во Наполи, па некако и природно е со нив да има најблизок однос.

- Оглас -

Најнови вести