Квартараро повторно од пол-позиција ќе тргне на победа во Херес, Маркес се откажа

Победникот на премиерната трка во Мото ГП, Фабио Квартараро повторно се избори за пол-позицијата на патеката во Херес, за Големата Награда на Андалузија и ќе биде топ-фаворит за нов триумф, утре од 14 часот.

Актуелниот шампион Марк Маркес се обиде да се натпреварува, но се откажа од идејата по тешката седмица што ја имаше периодов. По операцијата на раката, која ја скрши при падот на првата трка во Херез, минатата недела, Шпанецот се обиде да се врати на патеката, но сепак по консултација со лекарскиот тим се откажа.

Зад Квартараро на квалификациите најбрз беше Маверик Вињалес, кој беше втор и на премиерната трка во Херес, а утре како трет ќе стартува Франческо Бањаија.

- Оглас -

Најнови вести