Квотата за „двојка“ е одлична: Ќе ја искористи ли Вардар кризата на Струга ТЛ?

Актуелниот македонски првак Струга ТЛ од 13 часот ќе го пречека Вардар, кој е најтрофеен фудбалски клуб кај нас. Овој е заостанат дуел од петото коло во Прва лига. Струга моментално е на третото место на табелата со 21 бод, а Вардар е последен само со 11 бодови.

Сепак, ако се гледа формата во последните неколку средби, може да се каже дека Црвено-црните имаат шанси на ова гостување. Тимот предовден од Александар Васоски спои две победи во првенството (Работнички 1:0 и Брера 1:0), па вардарци полни со оптимизам патуваат во Струга.

Од друга страна, Струга ТЛ е во мини криза. Шампионот загуби на три од последните пет првенствени дуели, а беше елиминиран и од Купот на Македонија.

Во Првата лига овие два клуба имаат одиграно вкупно шест меча, а интересно е дека билансот е сосема израмнет. По две победи имаат и Вардар и Струга СЛ, двапати било нерешено, а вкупната гол-разлика е 8:6 во корист на скопскиот клуб.

Овој меч го има во понудата на Sport Lifе, а и покрај слабата форма на Струга ТЛ, коефициентите велат дека домашниот тим е голем фаворит за победа. Квотата за победа на Струга е 1.35, додека триумф на Вардар вреди дури 7.50

- Оглас -

Најнови вести