Квотата за победа на Хрватска беше 1.05, а Лино вели дека ремито со Јапонија не е шок

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, нам добро познатиот Лино Червар, после изненадувачките 29-29 против Јапонија во првото коло на СП во Египет, изјави дека резултатот не е шок.

Во обложувалниците Sport Life, квотата за победа на Хрватска беше 1.05, а основниот хендикеп беше поставен на 7,5 гола, што значи дека и победа на Хрватска со седум гола разлика ќе беше сметано за успех на Јапонците. Всушност Јапонија треба да жали што не победи, а бодот за Хрватска го донесе Иван Чупиќ со гол од седмерец во последната секунда.

„Ова не е шок, шок беше кога однапред се зборуваше дека ќе ги победиме Јапонија, Катар и останатите. Јапонците се добра репрезентација која ќе биде домаќин на Олимписките игри. Не треба да се плука по селекторот и играчите. Мора да извлечеме поука, ваква игра нема да ни биде доволна против посилни противници. Ривалите никогаш не смее да бидат потценети. Ова е опомена, извлековме барем бод“ – рече некогашниот македонски селектор и екс тренер на Металург.

 

- Оглас -

Најнови вести