Каков шок на ракометното СП, Чупиќ ја спаси Хрватска од срамен пораз против Јапонија

Селекцијата на Хрватска која важи за кандидат за освојување на медал на Светското првенство во ракомет, многу лошо го почна настапот на шампионатот во Египет, играјќи само 29-29 против Јапонија. Хрватите многу опуштено влегоа во мечот и откако поведоа со 1-0 (нивно единствено водство во текот на средбата), Јапонците беа многу подобри во првото полувреме, во неколку наврати имаа и шест гола предност, но Хрватска направи серија од 3-0 и на полувреме замина со минус три.

Тимот на селекторот Лино Червар постојано бркаше негатива, така беше и на крајот, па мораа да се задоволат само со бод. Израмнивачкиот гол за Хрватска го даде Чупиќ од пенал во последната секунда. Добра вест за Хрватска е што и на СП во 2003 имаше лош старт, сензационално загуби од Аргентина, но на крај го освоија златото.

Затоа, сила на стартот на Мундијалот демонстрираше Германија, која го разби Уругвај со 43-14, а со истиот резултат како Хрватска и Јапонија, 29-29, одиграа и Шпанија и Бразил. И ова е изненадување бидејќи Шпанците важеа за фаворити, но Кариоките беа подобри во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести