Квоти на денот: Челзи оди на реванш против Лестер, сигурни победи за гигантите од Манчестер

Челзи посакува реванш против Лестер за поразот во финалето од ФА купот пред три дена, па доколку Сините ја одбранат честа на домашен терен, може да си го осигураат пласманот во ЛШ, а на Лицисите да им направат проблеми околу истата мисија.

Се очекува тимот на Роџерс да даде барем еден гол на „Стемфорд бриџ“, но исто така очекувано е најмалку реми, а најмногу триумф на домаќините со квота 2.50.

Вечерва играат и манчестерските гиганти. Јунајтед не би требало да има проблеми против веќе испаднатиот Фулам, па кецот надополнет со два до четири гола делува доста реално, а и квотата од 2.15 е солидна.

Сити ќе сака да ја крене формата пред финалето во ЛШ, па иако на Граѓаните титулата им е обезбедена, Гвардиола секако очекува неговата екипа во голем стил да ја заврши сезоната. За типот Сити да води во двете полувремиња и да има најмалку два гола, квотата е 2.65.

 

- Оглас -

Најнови вести