Квоти на денот: Дамата и ѓаволите ќе победат, шампионот на Шпанија треба да дава голови за добивка (Фото)

Квотите на денот на Sport Life се интересна содржина што често им помага на обложувачите да дојдат до добивка, а и денешното издание од три натпревари нуди убав вкупен коефициент од 12,9.

Сите три дуели се од Топ-5 лигите во Европа, а се очекуваат победи на два гиганти од Италија и Англија и голови во Шпанија.

Првиот предлог е да одиграте 1-1&2-5 гола на дуелот од Премиерлигата меѓу Манчестер јунајтед и Ватфорд.

Црвените ѓаволи сакаат реванш за дебаклот во првиот дел од шампионатот кога загубија убедливо со 4:1 на гостувањето кај денешниот ривал.

Коефициентот е топ и за играта 1-1&2-5 гола изнесува 2.55.

И на вториот меч кој е предлог во Квотите на денот ќе игра најтрофејна екипа во својата земја, а Јувентус е фаворит против Емполи на гостински терен.

За победа на Старата Дама и најмалку еден погодок во првото полувреме, или 2&1+прво полувреме понудата е со коефициент од 2.35.

Третиот меч се игра во Ла Лига во Шпанија меѓу актуелниот првак Атлетико Мадрид и Селта.

Тука предлог е да се одигра една од најпопуларните игри кај обложувачите, 1-3I&1-3II со коефициент од 2.15.

Сите три натпревари може да се играат на ист тикет, или да се комбинираат во најразлични варијанти со останатите натпревари од билтенот и дневниот додаток на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести