Квоти на денот: Очекувајте голови на „Олимпико“

Вчерашната комбинација на Квоти на денот се покажа како добитна со трите пара кои носеа вкупен коефициент 15, па сега ќе биде добро да се врзе и денешниот избор на кој вкупната квота е за нијанса помала.

Рома и Аталанта ќе приредат дерби за уживање на „Олимпико“ според понудата на Sport Life во Квоти на денот, која носи вкупна квота од 13.59 доколку се врзат трите пара.

Волчицата со сите сили се обидува да ги одржи шансите за евентуален пласман во Лигата на Европа, додека Аталанта има своја мисија да го осигури местото во ЛШ, па затоа ќе победи екипата која ќе постигне повеќе голови во Рим. Треба да падне барем еден гол во првото полувреме, односно најмалку три во 90 минути за квота 1.90.

Лестер по пласманот во финалето од ФА купот сака да го одржи победничкиот ритам, а против ВБА мора да ја оправда фаворитската улога. Лисиците се опасни на домашен терен, но често примаат погодоци, па затоа нивната победа се очекува да биде исполнета со најмалку два, а најмногу четири гола со квота 2.65.

Барселона доколку ја сака титулата во Ла Лига, вечерва мора сигурно да триумфира против Хетафе, кој пак во претходното коло му скрати два бода на Реал Мадрид. Сепак, од Каталонците се очекува оправдување на фаворитската улога, па треба да издоминира во двете полувремиња и најмалку трипати да ја тресе противничката мрежа за супер квота од 2.70.

- Оглас -

Најнови вести