Квоти на денот во знак на младинското ЕП: Шпанија и Германија се фаворити за полуфинале (Фото)

Квотите на денот на Sport Life денеска се во знакот на Младинското европско првенство што продолжува со четири натпревари во нокаут-фазата.

По пауза од два месеци откако се одиграа мечевите по групи, во Словенија и Унгарија повторно ќе играат најголемите таленти во Европа, сега во нокаут-мечеви.

Првиот предлог во Квоти на денот е да одиграте дека Шпанија ќе ја победи Хрватска во меч со 2-5 гола за коефициент од 2.20.

Шпанците ја минаа фазата по групи без примен гол, а имаат и многу успеси во оваа категорија во европскиот фудбал и се петкратни шампиони.

Вториот предлог е да се типува дека на дербито меѓу Португалија и Италија ќе има барем по еден гол во двете полувремиња, или 1+I&1+II со коефициент од 1.90.

Португалија е фаворит, ја мина најтешката група со максимален учинок, но засега нема титула по две загубени финалиња. Италијанците се ко-рекордери со пет титули, колку што имаат и Шпанците.

Последниот меч во Квоти на денот е дуелот на младинците на Данска и Германија и тука предлогот е да одиграте Х2&T22+ со коефициент од 2.35.

Данците не примија гол во фазата по групи, ја победија и моќната Франција, но имаат лош биланс од четири порази против Германија на исто толку одиграни меѓусебни натпревари на младинските европски првенства.

Вкупно трите натпревари уплатени на ист тикет во Sport Life имаат коефициент од 9.82. Може да се комбинираат по ваш избор со сите игри во понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести