Динамо нема да загуби на „Максимир“ во Загреб од Вилјареал, Ајакс ќе прими гол од Рома, но и ќе постигне најмалку два, а по еден погодок во двете полувремиња се потребни во Шпанија, на дуелот Гранада – Манчестер јунајтед, за добитен тикет со Квоти на денот во Sport Life.
Комбинацијата е дека популарните Модри нема да имаат негатива ниту на полувреме, ниту на крај, или 1Х-1Х со убав коефициент од 2.05. Динамо нема ниту еден пораз на свој терен во овој циклус во Лигата на Европа, а Аријан Адеми и Стефан Ристовски се надеваат на нов подвиг против фаворитот Вилјареал.
Гранада и Манчестер јунајтед можат да постигнат најмалку по еден гол во двете полувремиња, без разлика која екипа ќе ја тресе мрежата и за играта 1+I&1+II коефициентот е 2.10.
Во ист термин од 21 часот денеска на „Јохан Кројф арената“ се очекуваат голови од две ефикасни екипи, па типот дека и Ајакс и Рома ќе дадат по еден гол е логичен.
Тука ќе треба домаќините да постигнат најмалку два гола за да се погоди предлогот во Квотите на денот со предлог тип Т1 2+&ГГ за коефициент од 2.65 во Sport Life.
Трите меча заедно прават вкупен коефициент од 11,41 и со уплата од 100 денари добивката е 1.141 денар.
Понудените предлог-типови во Квоти на денот можете да ги одиграте во различни комбинации со сите игри што се во понудата во билтенот и додатокот на Sport Life.