Квотите на денот ги фаворизираат игрите на голови (Фото)

Петте предложени натпревари во Квотите на денот во Sport Life имаат квоти над 2.00 и ако се одиграат сите заедно на еден тикет, прават вкупен коефициент 74.74.

Првиот предлог е од Африканскиот куп на нациите до 23 години меѓу селекциите на Египет и Гвинеја. Фараоните се фаворити и квота од 2.15 се добива доколку Египет не загуби и биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.

На Стариот Континент се игра Европско првенство до 19 години, а денеска се играат два меча, од кои едниот е меѓу дебитант и фаворит за титулата. Селекцијата на Шпанија, која има осум титули во последните 20 години, е апсолутен фаворит против Исланд и предлогот на Sport Life е да одиграте на голови. За играта дека Шпанија ќе постигне барем еден гол во првото и три гола на целиот натпревар, квотата изнесува 2.55.

Да се одигра на голови е предлогот и за дуелот меѓу селекциите на Мароко и Мали на Африканскиот куп на нациите до 23 години. Квота од 2.45 се добива доколку одиграте дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Најголемиот коефициент меѓу петте предлози изнесува 2.65 и е од дуелот меѓу Панама и Ел Салвадор. Оваа квота се добива ако одиграте дека и двете репрезентации ќе ја затресат мрежата и дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Последниот предлог е од МЛС-лигата, и тоа од градското дерби меѓу Лос Анџелес галакси и Лос Анџелес. За играта ГГ прво или второ полувреме, квотата изнесува 2.10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести