Квотите покажуваат дека МЗТ и ТФТ се фаворити и на гостински терен, шампионот треба да победи со двоцифрена разлика

Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, гостува кај Куманово, во меч од 17-тото коло на Прва лига. Аеродромци се лидери на табелата со 14 победи и само два пораза, додека Куманово е во зоната за испаѓање и има само четири триумфи сезонава.

Традицијата вели дека МЗТ победил на 13 од последните 15 средби на овие два тима, а интересно е дека хендикепот за денешниот дуел е на 13,5 поени.

Во Гевгелија, Кожуф е домаќин на ТФТ Скопје, а и тука гостите се фаворити. ТФТ влезе во добра форма и има четири победи по ред за вкупен биланс од 11 победи и пет порази. Кожуф сезонава има седум триумфи и девет порази, а на домашен терен е со позитивен биланс од 5-3.

- Оглас -

Најнови вести