Квотите велат дека Македонија не е фаворит во Шафхаузен

Македонската ракометна репрезентација вечерва (18:30ч) гостува кај селекцијата на Швајцарија во Шафхаузен во вториот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2022 година.

Селекцијата која ја води Данило Брестовац не е фаворит според коефицинетите во Sport Life обложувалницишто сепак нема влијание врз целта на нашите ракометари да бидат максимални во првиот квалификациски циклус.

Убедливата победа над Финска, односно поразот на Швајцарците во Данска треба да бидат доволни мотиви за Лазаров и компанија да го добијат и петтиот последователен меѓусебен дуел против Швајцарија.

Македонија во претходните четири средби сигурно славеше против швајцарскиот национален состав со најмалку пет погодоци разлика во периодот од 2012 до 2015 година. Во последното гостување на Македонија во Швајцарија, домаќините во двете полувремиња не можеа да реализираат двоцифрен број на погодоци.

Инаку, селекторот Брестовац нема да смета на еден од клучните играчи во репрезентацијата, Дејан Манасков, поради што членот на Веспрем не можеше навреме да направи тест за ковид-19, како услов пред да се врати во Унгарија за клупските обврски.

- Оглас -

Најнови вести