Квотите велат дека Силекс е фаворит против Брегалница, но тренерот на штипјани најавува освојување на бодови во Кратово

Силекс во Кратово е домаќин на Брегалница Штип во меч со кој ќе се отвори 12. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. По досегашните одиграни мечеви, Силекс е најдобриот тим на домашен терен, а нивниот скор сезонава е четири победи и едно реми, што секако ги прави кратовци да ја имаат улогата на фаворити.

На отворањето на сезоната Брегалница го победи Силекс во Штип со 2:1, а штипјани беа подобри од овој ривал со 2:1 и пред седум месеци кога гостува во Кратово.

„Силекс е доста цврст тим кој сезонава има освоено 19 бодови. Играат дисциплинирано, но ние сме добро подготвени и мислам дека имаме релативно добри шанси да земеме бодови, а зошто и да не ги победиме“, вели тренерот на Брегалница, Горан Здравков.

Освен овој натпревар од Прва лига, денеска се играат и осум средби од Втора лига и тоа: Башкими – Вардар Неготино, Беласица – Детонит, Беса – Арсими, Новаци – Каменица Саса, Охрид – Пелистер, Осогово – Кожуф, Победа – Караорман и Тетекс – Скопје.

- Оглас -

Најнови вести