ЛА галакси купува ексиграч на Јунајтед како замена за Златан

По заминувањето на Златан Ибрахимовиќ, ЛА галакси се во потрага по нов искусен напаѓач. Во пресрет на новата сезона, тимот од Лос Анџелес го разгледува европскиот пазар со цел да се најде адекватна замена за Швеѓанецот кој се врати во Милан, а се чини дека го најдоа човекот во Андалузија, Шпанија.

Галакси подготвува понуда од 10 милиони евра за услугите на Хавиер Ернандес-Чичарито, членот на Севилја. Шпанскиот прволигаш прави чистка во овој преоден рок, веќе го продаде Дабур, а Чичарито е следниот кој би требало да го напушти тимот откако не ги оправда средствата по трансферот од редовите на Вест хем.

Ернандес запиша 14 настапи за Севилја, во кои постигна само три гола, а со оглед на тоа дека ексфудбалерот на Манчестер јунајтед не е прва опција во нападот кај тренерот Лопетеги, преселба преку Барата е сосема логична опција. Во Галакси ќе игра покрај колегите од мексиканската репрезентација Џонатан дос Сантос и Ефрејн Алварес.

Пред Севилја, Чичарито играше за Вест хем, Баер Леверкузен, Манчестер јунајтед, а беше и на позајмица во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести