ЛА лејкерс од -19 до победа по две продолженија, Дончиќ немаше милост за Сакраменто (Видео)

Вистинска драма се случуваше на натпреварот помеѓу Милвоки бакс и ЛА лејкерс, кој дури по две продолженија им припадна на гостите со 124-128. Домашните имаа предност од 19 поени разлика, односно 94-75, на стартот од последната четвртина, но им дозволија на гостите да се вратат во игра и да израмнат на 101-101 во регуларниот дел.

Јанис Адетокумбо од Милвоки и Остин Ривс од Лејкерс го завршија мечот со трипл-дабл. Лилард имаше можност да поентира со звукот на сирената во првото продолжение, но Ентони Дејвис со фантастична блокада се избори за ново продолжение, по кое неговата екипа победи.

Лука Дончиќ со 28 поени, 11 скока и шест асистенции беше предводникот на Далас маверикс во убедливата победа од 96-132 на гостински терен против Сакраменто кингс. Провото полувреме воопшто не навестуваше ваква разврска, со оглед на тоа дека сè играше израмнето, а гостите заминаа на паузата со водство од 53-58.

Сепак, во вториот дел вистинска експлозија на кошаркарите на Далас, кои безмилосно го полнеа кошот на противникот, а во еден момент имаа и највисоки +39 поени разлика.

Резултати:

Мајами – Голден стејт 92-113
Милвоки – ЛА лејкерс 124-128 (101-101)
Њу Орлеанс – Оклахома 112-119
Сакраменто – Далас 96-132

- Оглас -

Најнови вести