Ладен туш за „штрковите“ против Динамик

МЗТ Скопје убедливо поразен се враќа од Белград во дуелот против Динамик со конечни 98:75 во рамките од 19-тото коло во АБА2 лигата. Српската екипа се реваншираше на избраниците на Ѓорѓи Кочов за поразот при првата средба која се одигра во Скопје на 15-ти ноември. Со шестиот овосезонски пораз воедно заврши и победничката серија на МЗТ од четири меча.

Аеродромци го зададоа почетниот удар во воведните минути, резултатот беше во нивна корист сѐ до последната минута од првата четвртина (19-23), а потоа домаќините со серија од 9-0 ја презедоа контролата на мечот. Од тој момент, Динамик ниту еднаш не ја испушти предноста, а пред почетокот на последната четвртина домаќините имаа и +25 коша предност.

Со по 14 поени Ѓериќ и Стевановиќ беа најефикасни кошаркари на Динамик, 12 додаде Беслаќ. На МЗТ не му помогнаа ниту 26-те поени на Вудард, додека Бојиќ беше втор најефикасен играч на гостите со 15 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести