Ладно ми е во Шведска, си одам!

Шведскиот клуб Трелеборг се најде во непријатна ситуација бидејќи само по една недела мораше да раскине договор кој имаше важност три и пол години. Фудбалерот од африканската држава Сиера Леоне, 19-годишниот Муса Ноа Камара, не можел да издржи на северот на Европа бидејќи му студело.

Од клубот информираа дека договорот е раскинат од лични причини, но во Шведска се пишува дека младиот Камара се вратил дома бидејќи не е навикнат на ниски температури и не можел да издржи повеќе од една недела. Камара во минатата сезона бил прв стрелец во првенството на Сиера Леоне, му помогна на својот тим да освои титула, но засега нема да се пресели во посилна лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести