Лајпциг е првиот бундеслигаш кој почна со тренинзи

Бундеслигата одолеваше, но на крајот одлучи да ја суспендира сезоната на привремен период, односно додека трае пандемијата со коронавирусот. Како сите останати првенства во светот, па така и германскиот фудбалски шампионат ги прекина активностите, но еден клуб одлучи да му пркоси на пандемијата.

Имено, Лајпциг започна со тренинзои во специјални услови. Се работи во мали групи, а во текот на тренинзите играчите не смеат да имаат физички контакт. Воедно осигурани се посебни соблекувални за играчите, што значи дека Црвените бикови ништо не оставаат на случајот.

Очигледно е дека клубот од Саксонија ја поседува храброста на Италијанците, ако се знае дека три калчолигаши веќе најавија, односно започнаа со тренинзи покрај тоа што кризниот период и натаму трае.

- Оглас -

Најнови вести