Лајпциг ќе лапне три бода во Келн

Келн – РБ Лајпциг (фудбал, Германија, 20.30 часот)

Келн има низа од четири меча по ред без победи, а Лајпциг од последните пет натпревари, четири ги заврши со нерешен резултат. Лајпциг ја има втората најдобра одбрана во Бундеслигата, тимот се бори за излез на европска сцена и ќе биде фаворит на хартија против Јарците. Келн засега е безбедна зона на табелата и редовно дава барем еден гол кога игра дома, но Црвените бикови на последните пет гостувања не примаа гол.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

ФК Минск – Слуцк (фудбал, Белорусија, 17.00 часот)

Слуцк одлично ја почна сезоната, но во последните три кола освои само еден бод и почна да го губи чекорот со водечките. Ова гостување против тим од долниот дел на табелата не треба премногу да залажува дека ќе биде лесно бидејќи Минск има само 10 бода, но и три меча помалку. Слуцк е незгоден гостин, но ако не се смета поразот од БАТЕ пред две недели, последен гостински пораз имаа во ноември, и тоа токму од ФК Минск. Традицијата најавува неефикасен меч.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.98)

 

Збројовка Брно – Дукла Прага (фудбал, Чешка 2, 19.00 часот)

Брно е во налет, го доби и првиот меч по продолжување на сезоната, но и Дукла славеше со 2-1 минатиот викенд. Тука „иксот“ треба да биде исклучен бидејќи двата тима немаат ниту една нерешена игра во 2020 година. Брно не играл дома од 8 март и ќе има големи мотиви за победа. Дукла на гости не е толку опасна, плус тоа, на последните три гостувања во Брно нема дадено гол, додуша последните двапати, во 2017 година двапати одигра 0-0.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Архус – Оденсе (фудбал, Данска, 20.00 часот)

Ова е прво коло по паузата, а пред да се прекине првенството, двата тима многу често играа нерешено. Архус е во горната шестка на табелата, би требало да избори пласман во плејофот и разигрување за титулата. Оденсе имаше три ремија по ред пред прекинот и сигурно би биле задоволни со бод и на ова гостување. Нивниот последен меѓусебен меч беше есеноска во купот и домашните победија со 1-0.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.74)

 

Лингби – Копенхаген (фудбал, Данска, 18.00 часот)

Копенхаген е цврсто на второто место, уште долго нема да може да оди погоре или подолу, а одигра 3-1 и 2-2 на последните две контроли и покажа дека е во прилично задоволителна голгетерска форма. Лингби дома е опасен, а во 2017 година славеше и со по 3-1 против Копенхаген на последните два домашни меча против вечерашниот гостин. Веруваме дека ќе биде ефикасно.

Предлог тип: 3+ (1.88)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Мидјиланд – Хорсенс Т1 3-5 (2.30)

Лингби – Копенхаген Х2 & ГГ (2.30)

Келн – Лајпциг 2 & 2-4 (2.60)

- Оглас -

Најнови вести