Лајпциг не може да го вгости Ливерпул во Германија

Германската влада до 17 февруари стави забрана за влез на посетители во земјата кои доаѓаат од Велика Британија. Поради тоа, Лајпциг не може да го вгости Ливерпул за првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, кој е закажан за 16 февруари.

Бундеслигашот сега треба да најде нова локација за одигрување на средбата, а една од опциите е дуелот да се одржи во Салцбург, на стадионот на братскиот клуб на Црвените бикови.

Сепак, тука постои мал проблем бидејќи Салцбург на 18 февруари, односно два дена подоцна, треба да игра против Вилјареал во првиот меч од Лигата на Европа. Останати опции се Виена и уште неколку стадиони во Швајцарија.

Остануваат малку повеќе од две недели за да се најде решение бидејќи Германија тешко дека ќе ги попушти мерките до 17 февруари и многу веројатно нема да направи исклучок за англискиот првак да допатува во Лајпциг, каде што првично требаше да се одржи натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести