Лајпциг рутински со Волфсбург, победи и за Леверкузен и Менхенгладбах

Лајпциг со сигурни 2-0  против Волфсбург ја оствари четвтвртата последователна победа во изминатиов период, за зацврстување на третата позиција во Бундеслигата.

Домаќините ја решија средбата за помалку од половина час, Кампл стрелаше за 1-0 во 16-тата минута, додека Вернер го задржа голгетерскиот ритам и ги постави конечните 2-0 во 28-та минута.

Лајпциг сега има 58 бода, односно шест повеќе од четвртопласираниот Ајнтрахт (натпревар помалку), додека Волфсбург претрпе пад на осмата позиција со 10-от овосезонски пораз во германскиот шампионат.

Минимални гостински победи од 0-1 забележаа Баер Леверкузен против Штутгарт, односно Менхенгладбах против Хановер, додека Вердер Бремен на домашен терен со 2-1 го совлада Фрајбург.

- Оглас -

Најнови вести