Лајпциг вредно собира бодови за нов настап во Лигата на шампиони (Видео)

Лајпциг доминира во дуелите со Аугсбург во последно време, а вечерва популарните Бикови ја забележаа и петтата победа по ред против ривалот од Бундеслигата.

Домаќните набрзина постигнаа два гола во финишот на првото полувреме, доволно за победа од 2:1 и зацврстување на второто место на табелета во Бундеслигата со 44 бода, четири помалку од лидерот и актуелен првак Баерн Минхен

Дани Олмо доби втора шанса за удар од 11 метри во 37. минута, откако првиот шут му го одбрани Гилкевич. Голманот на Аугсбург предвреме излезе од голот, ја мина гол-линијата што не е дозволено, па Олмо повторно шутираше и погоди за 1:0.

Потоа прецизен беше и Крисофер Нкунку за убава предност од 2:0 по првото полувреме. Аугсбург се закани со гол во 77. минута, отако Даниел Калиџури беше прецизен од белата точка, но немаше сили за да освои барем еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести