Лаказет го реши дуелот на двата ексшампиони во Лига 1

Фудбалерите на Олимпик Лион го совладаа Олимпик Марсеј со 1:0 во дербито на 20-тото коло во Лига 1.

Со победата, Олимпик Лион конечно избега од зоната на испаѓање, сега има 19 бода, три повеќе од 16-тиот Мец и четири од последнопласираниот Клермон. Олимпик Марсеј пак остана на осмото место на табелата со 29 освоени бодови.

Човек на одлука беше искусниот Александе Лаказет кој единствениот гол го постигна во 37-та минута.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести