Лалињата добија нов селектор, човекот за кого Мурињо рече дека е најлош тренер во историјата

Изборот на Холандија за нов селектор се падна на Франк де Бур. Поранешниот фудбалер на Ајакс и Барселона и легенда на холандскиот фудбал го презеде селекторското столче на Лалињата, кое го отстапи Роналд Куман по преселбата во Барселона.

За Де Бур ова е прв селекторски ангажман откако последно работеше во МЛС-лигата, каде што беше тренер на Атланта јунајтед. Де Бур во тренерската кариера го предводеше и Ајакс, со кого освои четири трофеи, а имаше кратки и неуспешни авантури во Кристал палас и Интер, кои завршуваа со откази. Жозе Мурињо во минатото за Де Бур има кажано дека е најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата.

Де Бур ќе ја предводи Холандија во следниот циклус од Лигата на нациите, откако во септември селекцијата привремено играше под палката на Двајт Лодевегес.

- Оглас -

Најнови вести