22.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Лалињата процветаа само со два шута во рамките на голот на Сенегал (Видео)

Два шута во рамките на голот на Сенегал беа доволни за Холандија да го победи африканскиот првак со 2-0 и со триумф да стартува на Светското првенство во Катар.

За Сенегал ова е прв пораз од европска селекција на меч од групна фаза на Мундијалите. Стрелец на првиот гол за Лалињата беше Коди Гакпо во 84-тата минута. Тој го доби воздушниот дуел со голманот Едуард Менди и го искористи нафрлувањето на Френки де Јонг. На последните четири меча за популарните Лалиња, Гакпо има три гола и една асистенција.

Конечните 2-0 ги постави Дејви Класен во 98-мата минута.

https://twitter.com/i/status/1594749083662831616

- Оглас -

Најнови вести