Лалињата процветаа во Будимпешта и приредија сензација против домаќинот на ЕП

Холандија приреди првокласна сензација со победа од 31:28 против Унгарија на стартот од Европското првенство во ракомет.

Тандемот Смитс со 10 гола и Бајенс, кој погоди 7 пати, беа незапирливи за еден од домаќините на Европското првенство и ѝ донесоа голема победа на Холандија во Будимпешта.

Лекај со 8 гола беше најефикасен кај Унгарците, кои беа големи фаворити за победа на мечот, но сега ќе мора да се вадат против Португалија и Исланд во битка за првите две места во Б групата.

Вечерва загуби и вториот домаќин на шампионатот, Словачка, очекувано и убедливо со 35:25 од Норвешка.

Данска во меч од нашата група ја декласира Црна Гора со 30:21, Франција во дербито на првиот ден ја надигра Хрватска и славеше со 27:22, а убедлив старт имаше и Шведска со победа од 30:18 против Босна и Херцеговина.

Македонија загуби на премиерата со 25:27 од Словенија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести