„Лалињата“ заборавија како се победува против Германија

Најмалку три генерации се сменија, а Холандија сѐ уште нема најдено победнички рецепт со кој ќе ја совлада Германија. Малкумина паметат кога последен пат „лалињата“ се радувале против „панцерите“, тоа беше во 2002 година. Во средба од пријателски карактер Холандија победи со 3-1, со головите на Патрик Клајверт, Џими Флојд Хаселбенк и Руд Ван Нистелрој.

Од тогаш, Германија победувала или ремизирала против Холаѓаните на четири пријателски пресметки, додека само два пати се сретнаа на Европско првенство, и тоа два пати во групна фаза.

По пауза од шест години, овие две селекции повторно ќе играат меѓусебе, а со оглед дека играат во Лигата на Нации, и двете страни посакуваат победа за да го следат чекорот со Франција, која има четири бода од два меча во групата 1 од сегментот А.

Токму Франција ја прекина низата од четири меча без пораз на Холандија, на 9-ти семтепври „триколорите“ славеа победа од 2-1, додека Германија три дена претходно одигра 0-0 во дуелот на двата последни светски шампиони, меч на кој избраниците на Јоаким Лев за прв пат настапија по раната елиминација од Мундијалот во Русија.

На сите меча во 2018 година, Холандија и Германија само еднаш успеале да ја сочуваат мрежата, што покажува дека и двете селекции имаат нестабилна одбрана. Голови може да се очекуваат, со тоа што Германците се фаворити да освојат три бода од оваа средба, „двојката“ во нивна корист има квота од 2.25, за победа на Холандија коефициентот е 3.05, додека за евентуално реми е 3.45.

- Оглас -

Најнови вести