Лам: За Бундеслигата е добро кога губи Баерн

Легендата на Баерн Минхен и германската репрезентација, некогашниот бек Филип Лам, изјави дека поразите на најтрофејниот германски клуб се добри за Бундеслигата.

„Убаво е кога Баерн испушта бодови, така останува возбудата и неизвесноста, а и играчите не се опуштаат“, изјави Лам.

Лам верува дека Баерн е меѓу фаворитите и во Лигата на шампионите, иако таму е тешко да се освои титулата и не триумфира секогаш најдобриот тим.

„Баерн секогаш има шанса, но има и други фактори кои одлучуваат: противници, среќа, форма на тимот, дури и судиите. Никогаш не се знае во ЛШ“, вели Лам.

- Оглас -

Најнови вести