Лампард брзо ќе најде работа по отказот во Челзи, топ кандидат е за нов тренер на легендарен клуб

Френк Лампард и официјално доби отказ во Челзи, клубот излезе со свое соопштение дека се раздели со тренерот што ги предводеше една и пол година, но фудбалската легенда по сè изгледа нема долго да чека за нов предизвик.

Се најавува отказ за Нил Ленон во Селтик, а токму Лампард е најсериозен кандидат за нов менаџер на легендарниот шкотски клуб.

Ако се остварат најавите, ќе биде многу интересно во Шкотска и ќе гледаме нови дуели на две големи легенди, Стивен Џерард како кормилар на Глазгов rенџерс и Фрeнк Лампард како негов ривал во Селтик, во ривалство што трае веќе три века.

Двајцата меѓу себе играа многу натпревари како играчи на Ливерпул, Џерард и на Челзи, Лампард, па сега може да се случи да бидат на спротивните страни во едно од најголемите и најзначајни градски дербија на светот, фудбалската пресметка во Глазгов.

Англиските медиуми денеска објавуваат дека Томас Тухел ќе биде наследник на Лампард во Челзи, а официјална промоција се очекува во текот на денешниот ден.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести