Лампард некако не сака да се помири дека Ливерпул е шампион и порача: Да не бидат многу арогантни

„Ова беше одличен меч. Иако ни се закануваше катастрофа, имав чувство дека добро играме. Го почувствував тоа во нашата игра. Покажавме отпор и квалитет. Стигнавме до 4:3 и ако не го примивме петтиот гол, имам чувство дека ќе успеевме да израмниме“, вели Лампард.

Во текот на мечот, по една ситуација и сомнителен детал околу фаулот на Ковачиќ, Лампард и Клоп имаа кратка расправија покрај теренот.

„Според мене, немаше фаул од Ковачиќ, а имаше и неколку други судиски одлуки кои не одеа во наша корист. Меѓутоа, немам проблем со Јирген Клоп, тој фантастично се справи со целата ситуација. Секоја чест на Ливерпул, ја освоија лигата, но исто така не треба да бидат премногу арогантни. Тоа беше мојата поента“, додава Лампард.

Ова е вторпат за кратко време Лампард да упати провокации кон Ливерпул откако претходно изјави дека Манчестер сити е најдобар тим во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести