Лампард: Ни претстои најважниот меч во сезоната

Челзи ќе се обиде да стигне до првата победа на домашен терен сезонава во Лигата на шампионите и на тој начин да обезбеди место во нокаут-фазата. Англискиот гигант загуби од Валенсија 1:0, а одигра 4:4 против Ајакс, кога се спаси по негативата од 1:4. Сега на лондончани им е потребен триумф против Лил за да бидат сигурно меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.

Лил нема никаква шанса и по денешниот меч за францускиот клуб ќе заврши европската авантура за оваа сезона. Челзи сигурно ќе презими во Европа, но голема е разликата од тоа дали ќе биде во ЛШ или во Лигата на Европа.

„Ова ќе биде најважниот меч за мене откако сум дојден на чело на Челзи. Мора добро да се претставиме на свој терен и конечно да победиме за да останеме во нокаут-фазата од ЛШ. Овој меч против Лил ќе биде вистински тест за сите нас“, рече Лампард.

 

- Оглас -

Најнови вести