Лампард уште малку ќе смета на искусните Вилијан и Педро

Челзи ќе ги задржи Вилијан и Педро до крајот на актуелната сезона откако и двајцата потпишаа краткорочни договори до 30 август. На крилните играчи им истекуваа договорите на 30 јуни, но сега и двајцата ќе останат на „Стемфорд бриџ“ за да ги доиграат преостанатите осум кола во Премиер лигата.

По крајот на сезоната, ќе се одлучува нивната судбина. Сините се позасегнати да го сочуваат Вилијан, додека Педро најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Рома по шпекулациите дека веќе ја договорил преселбата во Рим.

Бразилецот ужива доверба од менаџерот Френк Лампард, оваа сезона во вкупно 38 настапи запиша седум погодоци и шест асистенции. Сосема различна е ситуацијата со некогашниот играч на Барселона, Педро најчесто влегува од клупата, а во вкупно 18 меча оваа сезона реализира само два гола.

- Оглас -

Најнови вести