Лампард влезе во историјата на Челзи, но во онаа негативната

Френк Лампард со синоќешниот пораз од Реал Мадрид влезе во историјата на Челзи, но на негативната страна од историјата. Тој ќе биде запишан како тренер со најлош старт во 118-годишната историја на клубот со четири порази на првите четири натпревари.

Лампард на своето деби беше поразен од Вулверхемптон со 1-0, следуваше поразот од Реал Мадрид на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Потоа Челзи беше поразен на домашен терен од Брајтон со 1-2 и вториот пораз од Реал Мадрид синоќа е вкупно четврти во серија за Сините од Лондон.

Фудбалерите на Челзи на овие четири натпревари постигнаа само еден погодок, оној на Галагер против Брајтон, а примија дури 7 гола.

Лампард шансата за првата победа ќе ја бара на дуелот против Брентфорд во рамките на Премиер лигата кој ќе се одигра следната среда.

- Оглас -

Најнови вести