Ланг опериран откако синоќа на „Енфилд“ речиси му беше отсечен дел од палецот (Вознемирувачко фото и видео)

Крилниот напаѓач на Галатасарај, Ноа Ланг, успешно беше опериран откако на бизарен начин го повреди палецот на раката на синоќешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

Во 76-тата минута Ланг ја изгуби рамнотежата по дуелот со Кертис Џонс. При падот, се фати за рекламен билборд покрај теренот, само за да се струполи на земја и да вреска од болка.

Тој го напушти теренот на носилка и беше однесен во болница. Телевизиските снимки покажаа и крв на неговата рака, што дополнително ја загрижи медицинската служба на Галатасарај. Палецот на Ланг на десната рака беше толку оштетен што се закануваше ампутација.

„Се случуваат срања. Операцијата помина добро, им благодарам на сите за пораките“, напиша Ланг на социјалните мрежи кој позираше со две медицински сестри.

- Оглас -

Најнови вести