Лани поради депресија сакаше да се откаже, сега со Аталанта испиша клупска историја: Јас сум среќен човек

Аталанта го надигра Милан и славеше на „Сан Сиро“ убедливо со 3:0 во дербито од 19-тото коло во Серија А. Гостите од Бергамо беа доминантни создаваа шанси и на крајот постигнаа три гола за три бода. Јосип Иличиќ беше стрелец на погодокот од пенал, а Словенецот по мечот откри нешто многу убаво.
„Се чувствувам многу среќен затоа што повторно можам да играм фудбал, затоа што тоа е нешто што најмногу го сакам, заедно со моето семејство. Можеби ми фали малку повеќе одлучност во завршните пасови, затоа што некогаш се премислувам и шутирам. Морам да биде поодлучен. Одигравме многу добар меч против лидерот во една од најсилните лиги во светот. Мораме да го задржиме овој интензитет и да се бориме и трчаме во текот на целиот меч“, рече Иличиќ.

Голгетерот на Аталанта пред само неколку месеци имаше голема криза, откако поради депресија реши да си замине од Бергамо, па беше неизвесно дали повторно ќе заигра фудбал. За среќа на Аталанта, напаѓачот не само што се врати во тимот, туку повторно игра одлично, па затоа екипата од Бергамо може да се пофали со рекорден биланс по првиот дел од сезоната.

Откако се игра шампионатот со 20 екипи, Аталанта за прв пат во клупската историја по 19 кола има освоено 36 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести