Лани триумфираше на Ролан Гарос, а сега работи во дуќан за 450 евра

Кевин Кравиц е германски тенисер кој минатата година неочекувано триумфираше на Ролан Гарос во машки двојки. Тенисерот кој им азаработено повеќе од еден милион долари во кариерата, сега работи во дуќан во еден трговски центар во Минхен.

„Веќе неколку недели работам во продавница во трговски центар. И порано сум размислувал за тоа како би сакал да работам некоја нормална работа, а сега пандемијата со Коронавирусот ми даде шанса да видам како е тоа. Некои од колегите се будат во пет наутро и во дуќанот остануваат речиси до 18 часот. Јас работев на повеќе различни позиции. Ги полнев полиците со кобасици и со кашкавал, разнесував друга роба, дезинфицирав низ продавницата. Дури работев и како редар пред продавницата. Сега и јас одам на работа во пет наутро“, открива Кевин.

Германецот е на 13-тото место на светската тениска ранг листа во игра на двојки, додека во поединечна конкуренција е на 212 место на АТП листата.

Кравиц не е единствен тенисер кој мораше да најде „нормална“ работа додека тенисот е во „замрзнат“ поради пандемијата.

- Оглас -

Најнови вести