Лани заработи 44 милиони долари без да одигра ниту еден меч, сега доби плус 40 милиони за да си оди од клубот

Поранешната НБА-ѕвезда Џон Вол во последните неколку сезони поради честите повреди, ретко е на теренот. Поради повреда не играше од декември 2018 до декември 2020 година, а во тој период беше разменет од Вашингтон во Хјустон.

За Хјустон одигра само 40 меча, а минатата сезона не одигра ниту еден натпревар затоа што од клубот решија да ги развиваат младите играчи. Бчагодарение на договорот што го имаше потпишано со Вашингтон, за минатата година тој заработи 44,3 милиони долари без воопшто да се појави на теренот.

Во последната сезона од договорот, Вол требаше да заработи 47,4 милиони долари, но од Хјустон се решија да му исплатат 40,9 милиони долари за да му го раскинат договорот. На тој начин Хјустон успеа да „спаси“ 6,5 милиони долари за играчот кој сигурно немаше да игра и во новата сезона, а Вол сега е слободен кошаркар и може да најде нов клуб.

Според најавите, Лос Анџелес клиперс треба да биде следна дестинација на кошаркарот, кој беше прв избор на драфтот во 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести