Лапсус на Просинечки, а убаво ќе беше да не е кикс (Видео)

Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, легендарниот Хрват Роберт Просинечки, денеска направи еден гаф, по што стана ѕвезда на социјалните мрежи во земјите од поранешна Југославија.

При читањето на составот за претстојните септемвриски мечеви со Лихтенштајн и Ерменија од квалификациите за ЕП 2020, Просинечки кажа Ибрахимовиќ. Една секунда подоцна сфати дека погрешил и кажа Шехиќ. Новинарите почнаа да се смејат и да му дофрлаат Златан, што и селекторот го проследи со насмевка.

Фановите најмногу негодуваат што на листата кандидати кај Просинечки го нема Хајровиќ, кој исто како и Швеѓанецот Ибрахимовиќ, добро ќе им дојдеше на Змејовите.

Интересниот момент е на 1,28 минута од снимката:

- Оглас -

Најнови вести