Ласе Сван: Ќе беше убаво доколку Лазаров играше вечерва и се поздравеше од дресот на Македонија

Кирил Лазаров е македонска ракометна и спортска величин, а тоа добро го знаат и Данците.

Кире биеше големи битки со вечерашните противници, и тоа со години, па и деценија наназад. Доколку не дојдеше до повредата, Лазаров вечерва ќе го одиграше последниот официјален натпревар во дресот на Македонија и навистина ќе беше убав спектакл, а за такво нешто се согласуваат и нашите опоненти.

„Навистина ќе беше убаво доколку Кире играше вечерва, тој ќе ја кренеше играта на Македонија на едно повисоко ниво. Тој навистина има убава и долга кариера и ќе беше убаво вечерва да се поздравеше од дресот“, изјави Ласе Сван Хансен.

Данецот пак има 38 години и за него е последно големо натпреварување во националниот тим, со кој сака да се поздрави со европска титула.

 

- Оглас -

Најнови вести