Лацијалите се бесни, без да му го спомнат името потврдија дека Инѕаги си оди од клубот

Лацио вечерва објави кратко соопштение во кои официјално се прости од досегашниот тренер Симоне Инѕаги, а тоа го направија без да му го спомнат името. Иако Инѕаги имаше устна согласност за продолжување на договорот со римските Орли, сепак денеска се премисли, и прифати да стане тренер на Интер.

„Го почитуваме премислувањето на тренерот, и поранешен играч, чие име со години беше врзувано за семејството Лацио и многуте успеси на клубот“ – објавија од Лацио.

Симоне Инѕаги беше играч на Лацио од 1999 до пензионирањето во 2010 година, Како тренер, првпат дојде пеед пет сезони и еднаш го освои Купот, двапати Суперкупот на Италија, и го одведе тимот до ЛШ после 13 сезони без учество во европската елита.

- Оглас -

Најнови вести