Лацио брка клупски рекорд против Сампдорија

Само три екипи во историјата на Серија А успеале да остварат 11 или повеќе победи во низа, а Лацио може да им се приклучи на Интер, Јувентус и Рома како четврти тим со такво остварување. Лацијалите денес ќе бркаат клупски рекорд во дуелот против Сампдорија со цел да влезат во елитното друштво, а нов триумф ќе ги задржи во битката за шампионската титула.

Фаворити се и според квоти, но и според традицијата. Сампдорија нема остварено победа против Лацио на „Олимпико“ од 2005 година, а во 13-те средби екипата на Клаудио Раниери само трипати успеа да избори реми. Дополнително, во редовите на Лацио игра најдобриот стрелец за оваа сезона, Чиро Имобиле засега брои 20 гола на 18 меча и не планира да застане тука.

Средбата е закажана за 15 часот, а квотата за „кец“ на Лацио е само 1.42.

- Оглас -

Најнови вести