Лацио е пред трансфер на србинот кој се одлучи да игра за Унгарија

Репрезентативецот на Унгарија и член на холандскиот АЗ Алкмар, Милош Керкез, е пред трансфер во италијанскиот Лацио. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Лацио ја подготвува екипата за настапот во Лигата на шампионите, а токму во натурализираниот унгарец се гледа како на стартер на бековската позиција.

Тој своето внимание го привлече со одличните настапи за репрезентацијата на Унгарија во Лигата на нации, а 19-годишниот фудбалер веќе има девет настапи за сениорите на својата втора татковина.

Милош Керкез е роден во српскиот град Врбас, во регионот Бачка, но никогаш не доби шанса да настапува за селекциите на Србија. На само 11 години заминува да игра за Рапид Виена, а од 2019-тата година е дел од унгарскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести