Лацио го повика правнукот на Бенито Мусолини во првиот тим, а тој беше фашистички отпоздравен од маскотата на сред натпревар (ФОТО)

Нов скандал во режија на екипата на Лацио, овој пат „благодарение“ на нивниот тренер на орелот кој што лета за време на натпреварите.

За мечот против Олимпик Марсеј во рамките на Лигата на Европа, беше повикан и правнукот на Бенито Мусолини, Романо.

Но, за време на натпреварот, тренерот на орелот кој што лета за време на средбите, Хуан Бернабе направи фашистички поздрав кон фановите, а потоа и извикуваше познати фрази од диктаторот.

Тимот веднаш го отпушти Бернабе, но, се очекува голема казна од УЕФА која што го разгледува случајот. Минатиот викенд, пак, „лацијалите“ го пречекаа Интер, каде што во еден момент публиката имаше расистички гестикулации кон Дензел Дамфрис.

 

- Оглас -

Најнови вести