Лацио и Наполи ќе го израдуваат италијанскиот југ со победи во ЛЕ

6023 Бетис – Баер Леверкузен (18.45 часот)

Овој меч е дерби на групата Г бидејќи во првите две кола, двата тима победија против Селтик и Ференцварош и имаат по 6 бода. Средбите и на Бетис и на Леверкузен во првите две рунди беа ефикасни, со 3+ голови, а шпанскиот тим и даваше и примаше голови. Баер викендов беше уништен од Баерн Минхен во Бундеслигата и раните уште не се залечени, а Бетис пред три дена славеше кај Алавес со гол во 89-тата минута, па тие се во подобро расположение. Дуел на два тима кои ретко играат нерешено и тимови кои досега никогаш не играле меѓу себе.

Предлог тип (квота на денот): 1-3 I & 1-3 II (2.15)

 

6025 Лацио – Марсеј (18.45 часот)

Статистиката од настапите на Италијанците и Французите во Лигата на Европа најавува малку голови. Ова е дуел од група во која ретко паѓаат голови. Во првите две кола, Лацио победи со 2-0 и загуби со 0-1, а Марсеј двапати играше нерешено, по еднаш 1-1 и 0-0. Римјаните знаат да бидат ефикасни, тоа го покажаа викендов против Интер, кога победија со 3-1, а тоа важи и за Марсеј, кој во домашната лига му даде четири гола на Лориен. Лацио е фаворит, оди на трета победа по ред против овој ривал, кој во ЛЕ двапати го победуваше во 2018 година.

Предлог тип: 1 (1.86)

 

6031 Наполи – Легија (21.00 часот)

Според квотите, Наполи е огромен фаворит, но по првите две кола од групата Ц, Легија има 6, а Наполи само еден бод. Полјаците двапати славеа со по 1-0, додека мечевите на Наполи беа доста ефикасни, со 4-5 гола. Ова е шанса за Наполи со победа да се вмеша во битка за првите две места кои водат во нокаут-фазата. Легија има многу подобри резултати во ЛЕ отколку во полската лига, а кај Наполи ситуацијата е обратна.

Предлог тип: Т1 2-3 гола (2.03)

 

6032 ПСВ – Монако (21.00 часот)

Во првите две кола, холандскиот тим играше ефикасни мечеви со 4+ гола, а Монако тврди мечеви со 0-2 гола, па ова е дуел на два тима со различен концепт. Листата на повредени во двата тима е долга, ќе отсуствуваат важни играчи, но екипите и вака имаат доволно силен офанзивен потенцијал, не би требало мечот да заврши без голови. ПСВ има серија од пет меча по ред на кои и дава и прима гол. Монако би бил презадоволен и со бод од ова тешко гостување.

Предлог тип: & 2-4 (2.08)

 

6034 Спарта Прага – Лион (21.00 часот)

Лион во моментов е најдобар тим во групата А, но и Спарта не е за потценување. Интересно е што ниту Спарта, ниту Лион, немаат примено гол по две кола во ЛЕ, но францускиот тим ги доби двата меча и има гол-разлика 5-0, додека Чесите се на 4 бода со скромна гол-разлика 1-0. Двата тима последниот пораз го имаат претрпено во септември. Спарта никогаш не го победила Лион, а играле четири меѓусебни дуели во минатото. Последниот пораз на Спарта дома беше во август, и тоа од француски тим (Монако) во квалификациите за ЛШ.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.95)

- Оглас -

Најнови вести