Лацио ќе го прескокне Интер

Лацио – Верона (фудбал, Италија, 20.45 часот)

По убедливата победа над СПАЛ, Лацио игра уште еден меч дома на кој е фаворит и би требало да ги освои трите бода. Со триумф, римјаните ќе дојдат на два бода од лидерот Јувентус, а ќе го симнат Интер на третата позиција. Верона не е лош тим, може да му направи проблем на Лацио и сигурно ќе даде отпор со цел да ја продолжи серијата мечеви без пораз. Традицијата и игрите на Лацио дома најавуваат победа на Орлите и барем два нивни гола.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.05)

 

Тотенхем – Саутхемптон (фудбал, Англија ФА куп, 20.45 часот)

Тука екипата на Мурињо е фаворит. На 25 јануари одиграа 1-1 кога Саутхемптон беше домаќин, сега се игра во Лондон, каде што Тотенхем викендов го совлада Манчестер сити. Последните пет меѓусебни дуели на овие тимови кога Петлите биле домаќини завршувале со голови на двете страни и секогаш имало победник. Тотенхем има мотивација да се реваншира за поразот на 1 јануари и да се сретне со Норвич во осминафиналето.

Предлог тип: 1 (1.78)

 

Риека – Динамо Загреб (фудбал, Хрватска куп, 17.00 часот)

Победникот од овој дуел во следната фаза оди на Осиек, а во тоа полуфинале ќе има македонски репрезентативец, прашање е само дали Дарко Велковски или Аријан Адеми. На 10 ноември во лигашки меч Динамо славеше во Риека со 5-0, но тимот од градот на јадранското море во мај го доби финалето на Купот. Иако Динамо остана без Шпанецот Олмо, на риечаните ќе им биде тешко да го совладаат фаворитот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

Баерн Минхен – Хофенхајм (фудбал, Германија куп, 20.45 часот)

Тука квотите во Sport Life најавуваат сигурна победа на Баерн. Баварците мора да му вратат на Хофенхајм за домашниот пораз од 1-2 во октомври во лигашкиот меч. Од 2018 година наваму (четири меча по ред) ГГ и 3+ е редовна појава на дуелите на овие два тима. И Баерн и Хофенхајм победија викендов во Бундеслигата, расположени се и не е исклучено повторно да има голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.71)

 

Црвена ѕвезда – Панатинаикос (кошарка, Евролига, 19.00 часот)

Српскиот тим го победи Партизан во дербито на АБА-лигата и сега ќе ги нагости тимот кој по три победи по ред, загуби од Валенсија. Ѕвезда има низа од четири порази по ред во Евролигата, но и Панатаинаикос не се снаоѓа најдобро на гостувањата во последно време, иако успеа по продолжение да изненади во Москва против ЦСКА. На последните пет посети во Белград, ПАО давал од 66 до 69 поени.

Предлог тип: <170.50 (1.63)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Лион – Амиен 1 & Т1 3+ (2.65)

Тотенхем – Саутхемптон 1 & 2-4 (2.70)

Лацио – Верона 1Х & 3+ (1.80)

- Оглас -

Најнови вести