На Лацио ќе му фали речиси еден цел тим за дуелот против Бриж!

По повеќе од една деценија, Лацио се врати во Лигата на шампионите, и тоа со победа откако во првото коло со 3:1славеше над Борусија Дортмунд. Небесносините вечерва ги чека нов предизвик, и тоа на гости кај Бриж, а тренерот Симоне Инѕаги се соочува со големи проблеми.

Поради најразлични причини, кај Лацио ќе нема неколку стартери од мечот против Борусија. Во Белгија не отпатуваа Имобиле, Луис Алберто, Лараци, Переира и Андерсон, како и Лукас Леива, Раду, Лулиќ, Луис Фелипе и голманот Стракоша. Тоа значи дека речиси еден комплетен тим ќе биде во аут за Лацио на овој меч, а Инѕаги ќе има мака да состави тим за подвиг против белгискиот ривал.

„Ќе биде многу тежок дуел. Бриж победи во првото коло и ќе биде тешко. Свесен сум дека лимитираниот број на играчи ќе биде главниот проблем за нас. Сакам да продолжиме во ист ритам како против Болоња во Серија А, кога победивме со 2:1“, вели тренерот на Лацио, Инѕаги.

 

- Оглас -

Најнови вести