Лацио водеше на полувреме, па загуби, а остана и без најдобриот за дербито со Рома (Видео)

Вториот пораз сезонава на Лацио дојде во неочекуван момент, дома против Салернитана, и тоа римските Орли по првото полувреме водеа со 1-0, а на крај загубија 1-3.

Белјата не оди сама, па Лацио освен што непланирано загуби, за претстојното дерби со Рома остана и без Сергеј Милинковиќ Савиќ кој доби жолт картон за суспензија од еден меч.

Најубавиот од четирите гола вечерва на „Олимпико“ беше дело на ветеранот Антонио Кандрева кој после 1.178 минути против Лацио, конечно првпат му даде гол и тоа со убав лоб, најавувајќи го пресвртот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести